Што е MindHub?

Иновативен клуб по основи на програмирање за деца! Во MindHub децата развиват логично и аналитичко мислење, изучувајќи ги основите на програмирање!

Резервирај место за Бесплатен демо час

Бесплатните демо часови се погодни за деца од 6 до 11 години.Целата на часот е децата да ги направат своите први чекори во светот на програмирањето,а родителите да се запознаат со нас и нашата програма!

  • Начин на размислување

    Вашите деца развиваат логично и аналитичко мислење (computational thinking),кое што подоцна го користат за решавање на комплексни проблеми.

  • Иновативни методи

    На нашите часови по програмирање,децата ги изучуваат основите на програмирање додека играат друштвени игри,го програмираат однесувањето и вештачката интелегенција на роботите.

  • Развиток и реализација

    Во MindHub не само што ги учиме основите на програмирање,туку го развиваме и логичното и аналитичко миселње на вашите деца!

Учи со MindHub

Методата по која децата изучуваат основи на програмирање во MindHub е целосно базирана на Игровизација (Gamification) и работа во мали групи на разновидни проекти.Преку создавање и презентирање на своите игри и анимации,програмирање на роботи,и преку игра,децата се социјализираат,добиваат дополнителни социјални вештини,како и знаење кое ќе им користи во иднина.

Претстојни обуки

Последната обука поврзана со нашата дејност во областа на програмирање за деца.Вклучете се сега или разгледајте го нашиот график за почетна обука во основи на програмирање.

Во моментов нема соодветна група.Наскоро очекувајте нови групи !

Специјално развиени алатки

Сите алатки и игри кои ги користиме во нашите обуки се специјално изработени за обука на деца по основи на програмирање,како и да го развијат нивното аналитичко и логично мислење.

  • Софтверски и хардверски алатки
  • Роботи и дронови
  • Друштвени игри и игри со карти

Сегментиран наставен план

Во обуките користиме авторскаиновативна програма, во неколку сегменти, поделена според возраст. Работиме во мали групи,од 6 до 8 деца на иста или приближна возраст, поради специфичноста на нашите активности и желбата да имаме индивидуален пристап кон секое дете.

Junior 6 - 7 Години

Логично и алгоритамско размислување. Математичко размислување и основни алгоритми.

Middle 8 - 9 Години

Аналитичко размислување. Основи во програмирање и блок програмирање.

Senior 10 - 11 Години

Основи во програмирањето. Развој на игри. Програмски јазици.

Новости

Нема актуелни вести.