MindHub e првиот иновативен клуб за програмирање, за деца помеѓу 6 и 11 годишна возраст.
Нашите курсеви им помагаат на децата да го развијат своето логично и аналитичко мислење со изучување на основи на програмирање. Ние веруваме дека дигиталните вештини се основен предуслов за успех во професиите на иднината. Нашата мисија е да го насочиме интересот на децата кон технологијата, во насока која ќе им помогне да стекнат основни дигитални вештини и компетенции, како и логично и аналитичко мислење, потребни за успех во секое поле. Работиме по авторско ориентирана програма, целосно проектно-ориентирана која им овозможува на децата да започнат со едукација на 6-годишна возраст, и да завршат со изучување на програмски јазик до нивната 10-та година. Методите и алатките со кои работиме се исклучително иновативни и специјално изработени за обучување на деца по основи на програмирање, приспособени според возраста на децата и претставени на интересен и едукативен начин во програмата!
Нашите ментори се педагози, математичари и информатичари кои успешно го задржуваат вниманието на децата за време на часовите и притоа ја активираат нивната креативност и желба за постигнување на целите.
Ние применуваме индивидуален пристап кон секој ученик, истакнувајќи ја неговата креативност и вештините потребни за успех.
Ние успеваме да го задржиме вниманието на вашето дете за време на часовите.
Двокомпонетен фидбек - проект изработен од децата и фидбек од нивните ментори за спроведување на истиот.
Секој ментор во нашиот тим негува пријателски однос кон вашето дете.
Создаваме пријателска средина за децата, работејќи во мали групи со приближна возраст.
Методите и алатките со кои работиме се исклучително иновативни и специјално изработени за обучување на деца по основи на програмирање.
За нас е важно да ги развиваме вештините и интелектот на децата и да ја оправдаме довербата на родителите.
Нема додадени ментори.
Ние црпиме искуство и знаење од луѓе во различни области, со цел секогаш да сме на вистинскиот пат.
Ако сте енергична личност, со желба за иновации, вие сте совршен кандидат за нашиот тим! Контактирајте не!